Утрински Весник
Свет

Французин преживеал 16 часа во превртен чамец во Атлантикот

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Французин на возраст од 62 години преживеал 16 часа во воздушниот меур на бродот, кој се превртел во Атлантскиот Океан.

dobivaj vesti na viber

Бродот долг 12 метри, кој испловил од Лисабон, во понеделникот вечерта испратил сигнал за помош од Атлантскиот Океан.

Во тој момент пловилото се наоѓало на околу 22,5 километри од островот Сисаргас кај шпанска Галиција, јавува Би-би-си.

Според нуркач на шпанската крајбрежна стража, можноста за преживување на Французинот била речиси невозможна.

Спасувачки брод со пет нуркачи, како и три хеликоптери биле испратени да го пронајдат и спасат човекот, чиј идентитет не е соопштен.

Додека нуркач го пребарувал пловилото, човекот почнал да удира внатре, но морето било премногу разбранувано за да продолжи со спасувачката операција.

Крајбрежната стража потоа прикачила пловни балони на трупот на бродот за да спречи понатамошно потонување.

Французинот морал да го чека утрото, а двајца нуркачи пливале под чамецот за да му помогнат на морнарот додека водата допирала до неговите колена, пишува „Гардијан“.

Тој бил префрлен во болница, но набрзо бил пуштен од болница.

Можете да прочитате

Девет загинати 10 ранети по вооружен напад во Јужна Африка

Гугл ги враќа на работа работниците што претходно ги отпушти

Речиси еден милион лица раселени по конфликтот меѓу Камбоџа и Тајланд