Утрински Весник
Спорт

Франција ја продолжи финансиската помош за спортот до септември

Официјално: Нема спорт во Франција до септември

Париз, 25 јуни 2020 (МИА) – Франција ќе ги продолжи мерките за финансиска помош до септември, за да и помогне на спортската индустрија да се справи со ефектите од пандемијата од коронавирус, соопшти Министерството за спорт на земјата.

Министерството соопшти дека француската влада досега обезбедила околу 2,8 милијарди евра (3,1 милијарди долари) финансиска помош на спортскиот сектор во текот на изминатите три месеци.

Спортот многу страдаше заради глобалната пандемија. Фудбалскиот шампионат беше прекинат предвреме, а многу спортски натпревари беа одложени или откажани.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Реми на македонските ракометари со Австрија

ПМФЛ: Вардар и Шкендија бодовно израмнети на врвот

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал