Утрински Весник
Свет

Франција: Ослободен осомничениот за напад на православен свештеник

Франција: Ослободен осомничениот за напад на православен свештеник

Свештеник на грчката православна црква беше застрелан во саботата во Лион, а првоосомничениот е ослободен поради недостаток на докази.

Полицијата во Лион, Франција, го ослободи осомничениот за ранувањето на свештеник на Грчката православна црква.

Обвинителството соопшти дека не открило докази за вмешаност на мажот, укажувајќи дека напаѓачот може да биде на слобода.

Пукањето се случило кога свештеникот ја затворал црквата при што му се нанесени тешки повреди.

Официјалните лица отвориле истрага за обид за убиство.

Некои извештаи во Франција сугерираат на можен личен мотив, а истражителите велат дека сите опции се отворени.

Полицијата соопшти дека напаѓачот бил вооружен со пушка.

Јавниот обвинител Николас Жакет рекол дека осомничениот, кој може да одговара на описот на сведокот, е ставен во полициски притвор.

Тој додал дека осомничениот немал оружје за време на апсењето.

Обвинителите во неделата рекоа дека истражителите не пронашле докази дека човекот е поврзан со нападот.

Напаѓачот избегал од местото на настанот, по што започнала потрага по него, а човекот што одговара на описот на осомничениот подоцна бил уапсен.

Мотивот за нападот сè уште не е познат.

Свештеникот Никола Какавелакис е во сериозна состојба во болница, со две прострелни рани во стомакот.

Инцидентот се случи само неколку дена откако три лица беа убиени во напад на црква во Ница.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет