Француската влада потврди дека навивачи ќе има на фудбалските натпревари со почетокот на новата сезона. На секој натпревар ќе може да присуствуваат најмногу 5.000 навивачи.
Министерката за спорт Роксана Марачинеану изјавила дека ваквата одлука е донесена поради порастот на бројот на заразени со коронавирусот во земјата.
Таа дополнила дека локалните власти ќе имаат можност од 15 август да го зголемат капацитетот на некои спортски настани.
Минатата недела се одигра финалниот натпревар во Купот, на трибините имаше 2.805 навивачи. Навивачите на Сент Етиен добија 900 билети кои не ги искористија.
> Франција: Навивачите се враќаат на трибините <