Утрински Весник
Спорт

Франк бара викендов да нема натпревари во Премиер лигата

Франк бара викендов да нема натпревари во Премиер лигата

Менаџерот на Брентфорд, Томас Франк, побарал Премиер лигата да ги одложи сите натпревари кои на програмата се во сабота и во недела.

За „Скај спорт“, Франк, рекол дека тоа е најдоброто решение, со кое ќе се прекине кризата предизвикана од коронавирусот.

Франк рекол дека бил во комуникација со други менаџери кои ја поддржале неговата идеја.

„Има многу заразени со коронавирусот. Сите клубови се соочуваат со овој проблем. Одложувањето на колото и на дуелите во Карабао купот ќе овозможи целата ситуација да се смиири“, рекол Франк.

Нереално е Премиер лигата да го профати овој предлог на менаџерот на Брентфорд.

Дебитантот во Премиер лигата, во сабота, ќе гостува во Саутемптон.

> Франк бара викендов да нема натпревари во Премиер лигата <

Можете да прочитате

Бронза за Рустемовски по поразот во полуфиналето на ЕП во бокс

Алкараз се изјасни: Надал ми е идол, а Ѓоковиќ е најдобриот

13-годишната Зиди исплива второ најбрзо време во историјата