Утрински Весник
Македонија

Фотографиите на Томислав Георгиев и Даниела Гогова се најдобри од ланскиот карневал

Фотографиите на Томислав Георгиев и Даниела Гогова се најдобри од ланскиот карневал

Струмица, 27 февруари 2020 (МИА) – Томислав Георгиев, фоторепортер од неделникот Фокус и Даниела Гогова, фотограф-аматер од Струмица се добитници на наградите од НУ „Завод и Музеј-Струмица и од организациониот одбор на Струмичкиот карневал за најдобри фотографии од ланскиот карневал.

Одлуката ја објави денеска жири комисијата на конкурсот за карневалска фотографија „Карневалски слики 2020“ при НУ Завод и Музеј-Струмица, составена од Ристо Филчевски, Даниела Дончева и Георги Кончалиев.

Наградите на Георгиев и Гогова ќе им бидат врачени вечер на отворањето на изложбата на која ќе бидат прикажани најдобрите селектирани фотографии од конкурсот на кој пристигнале фотографии од 16 учесници со испратени над 200 фотографии. рт/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Јавна дебата на Универзитетот „Мајка Тереза“ за предлог-законот за високото образование

Собранието треба да ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и да го избере Гоце Наумовски за нов уставен судија