Утрински Весник
Македонија

Форум театарска претстава на тема меѓуврсничко насилство во Велес

Форум театарска претстава на тема меѓуврсничко насилство во Велес

Велес, 17 февруари 2020 (МИА) – Форум театарска претстава на тема меѓуврсничко насилство (булинг) ќес е одржи денеска во театарот „Јордан Х.К. Џинот“ во Велес, организирана како дел од програмата за Мировно образование при Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, а во соработка со СОУ ,,Гимназија Кочо Рацин“ од Велес, СУГС „Шаип Јусуф“ од Скопје и СУГС „Никола Карев“ од Скопје.

Овој форум театар е искреиран од 22 ученици од СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ од Велес, од СУГС „Шаип Јусуф“ од Скопје и од СУГС „Никола Карев“ од Скопје.

Како што информираат од Детската амбасада МЕЃАШИ, освен театарскиот дел од активностите, со учесниците се развивале дискусии за нивната перцепција за врсничкото насилство, нивните реакции до сега, како и за поттикнување индивидуална одговорност и проактивен пристап во слични ситуации. дма/сст/


Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СЕЗОНСКА МЕТЕО АНАЛИЗА: Пролетта 2026 во Македонија натпросечно топла

Началникот на Генералштабот на Армијата присуствуваше на примопредавањето на должноста командант на Националната Гарда на Вермонт

Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови