Утрински Весник
Спорт

Формиран фонд за финансиска помош на тенисери погодени од пандемијата на коронавирус

Судбината на УС Опен ќе стане јасна во јуни

Лондон, 6 мај 2020 (МИА) – Меѓународната тениска федерација (ИТФ), Професионалната тениска асоцијација (АТП), Женската тениска асоцијација (ВТА) и организаторите на четирите Грен слем турнири (Австралија, Франција, Велика Британија и САД) ќе соберат повеќе од шест милиони американски долари во фондот наменет за играчи кои се најмногу погодени од прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирус.

Програмата планира да помогне околу 800 тенисери од сингл двојки во машка и женска конкуренција.

АТП и ВТА ќе бидат одговорни за распределување на финансирањето подеднакво помеѓу двата пола според одредени критериуми, одобрени од седумте субјекти-даватели на пари.
Професионалниот тенис беше прекинат во почетокот на март и натпреварите нема да се играат со сигурност до 13 јули.

Ова ја прави исклучително тешка положбата на играчите со понизок ранг на светската ранг-листа, кои зависат многу од парите што ги заработуваат од учеството на турнирите. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност