Утрински Весник
Економија
Img 7972

Формирана Асоцијација за унапредување на позициите на туристичките водичи

Формирана Асоцијација за унапредување на позициите на туристичките водичи
Img 7972

Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Во Скопје изминатиот викенд беше претствена новоформираната асоцијација „Македонска асоцијација на туристички водичи и придружници“ (МАТАВП), чија цел е унапредување на позицијата на туристичките водичи.
Како што информираат од Асоцијацијата, притоа претседателот на МАТАВП Димитар Кавраков и потпретседателот Елвир Садиковиќ со членовите на Управниот одбор ја презентираа програмата и целите на асоцијацијата.
-Асоцијацијата ќе работи во насока да ја подобри позицијата на водичите во нивната работа, а во исто време да се променат некои законски одредби со кои ќе се заштитат интересите на туристичките водичи и придружници, беше истакнато на презентацијата на новата асоцијација, се вели во денешното соопштение од оваа асоцијација. сст/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во август годинава исплатени 19,5 милиони евра

ЧОКОЛАДА И ШЕЌЕР – Сладок бизнис за крупен финансиски залак

ДДВ-то за нарачките до 22 евра од Тему било заради јакнење на македонската економија, велат од Финансии