Утрински Весник
Свет

Фон дер Лајен: EУ се’ уште е премногу зависна од рускиот гас

Фон дер Лајен: EУ се’ уште е премногу зависна од рускиот гас

Мора стратешки да ги диверзифицираме нашите добавувачи и масовно да инвестираме во обновливи извори на енергија, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Таа оцени дека Европската Унија останува премногу зависна од рускиот гас.

Фон дер Лајен ја поддржа одлуката на Берлин да го прекине процесот на сертификација на гасоводот Северен тек 2 до понатамошно известување, поради одлуката на рускиот претседател Владимир Путин за признавање на две самопрогласени републики во источна Украина.

„Германија е во право за Северен тек 2. Гасоводот мора да биде тема во однос на снабдувањето со енергија за цела Европа. Сè уште сме премногу зависни од рускиот гас. Треба стратешки да ги диверзифицираме нашите добавувачи и да инвестираме многу во обновливите извори на енергија“, напиша фон дер Лејен на „Твитер“.

Можете да прочитате

Веројатниот наследник на лидерот на Хезболах, Каани исчезна по израелските напади на Бејрут

Бајден: Никогаш нема да се откажам од напорите за враќање на израелските заложници

Ладен туш за Украина: Словачкиот премиер ќе го блокира влезот во НАТО додека тој е на власт