Утрински Весник
Свет

Фон дер Лајен: Хрватска ќе добие поддршка по земјотресот, наш претставник ќе биде испратен во најбрз можен рок

Фон дер Лајен: Хрватска ќе добие поддршка по земјотресот, наш претставник ќе биде испратен во најбрз можен рок
Dik 300x250 mk

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ е со Хрватска, по новиот разорен земјотрес и побара од комесарот за кризи Јанез Ленарчиќ што побрзо да отпатува во Хрватска.

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени околу пладне го погоди централниот дел на Хрватска, предизвикувајќи големи штети во Петриња, Сисак, Загреб и други места. Потресот бил толку силен што се почувствувал и во соседните земји.

„Уште еден разорен земјотрес во Хрватска, втор во изминатите два дена. Повторно разговарав со премиерот Андреј Пленковиќ. Подготвени сме да помогнеме. Го замолив Јанез Ленарчиќ да отпатува во Хрватска веднаш штом ситуацијата дозволи. Ние стоиме покрај Хрватска“, напиша Фон дер Лајен на „Твитер“.

Денешниот земјотрес се случи 24 часа по малку послабиот земјотрес со епицентар кај Петриња, на околу 50 километри од Загреб.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Едно лице повредено при делумно уривање на средновековна кула во Рим

Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија

Шведска ја суспендира дел од помошта за Србија поради корупција