Утрински Весник
Економија

Фон дер Лајен: Економската соработка меѓу ЕУ и Русија станува сè потешка

Фон дер Лајен: Економската соработка меѓу ЕУ и Русија станува сè потешка

Економската соработка меѓу Европа и Русија станува сè потешка, изјави претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Бројните обиди од наша страна во изминатите неколку години да ги подобриме односите со Русија не го постигнаа заслужениот успех. Економската соработка станува сè потешка со текот на времето“, нагласи Фон дер Лајен, истакнувајќи дека е неопходна модернизација на руската економија.

Според неа, забележливо е дека на економијата и недостасува неопходната модернизација и дека економијата е зависна од енергетските приходи, но дека руската страна не изразува волја за конструктивен дијалог со Брисел.

Таа изјави дека планира нови предлози за соработка со Русија, вклучително и гасоводот „Северен поток два“.

Фон дер Лајен посочи дека можностите ќе бидат разгледани во извештајот за односите со Русија, што ќе биде направен на крајот на јуни.

Можете да прочитате

Мицкоски: Од први октомври почнува исплатата на линеарното зголемување на пензиите

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

Историски чекор за македонските сметководители: ИСОС примена во CFE Tax Advisers Europe