Утрински Весник
Свет

Фон дер Лајен бара санкции за Белорусија: Новинарот мора веднаш да биде ослободен

Фон дер Лајен бара санкции за Белорусија: Новинарот мора веднаш да биде ослободен
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен повика на воведување санкции кон Белорусија чии власти извршија принудно слетување на авионот на „Рајанер“ , додека пак Литванија започна истрага за „киднапирањето“ што го поврзува со тероризам.

„Оние кои се одговорни за киднапирањето на Рајанер мора да бидат санкционирани“, напиша фон дер Лајен на Твитер во неделата доцна вечерта пред состанокот на шефовите на држави и влади на ЕУ, додавајќи дека лидерите на ЕУ ќе разговараат кои мерки треба да ги преземат во понеделник.

Белоруските власти во неделата му наредија на авионот на Рајанер принудно да слета во главниот град Минск, а потоа го уапсија Роман Проташевиќ, еден од главните опозициски активисти.

Патничкиот авион до Минск беше во придружба на борбен авион, со образложение дека во него се наоѓа експлозив, но експлозивот не беше пронајден подоцна. Во меѓувреме, авионот полета од Минск и безбедно слета во Вилнус, јавуваат агенциите.

„Новинарот Роман Проташевиќ мора веднаш да биде ослободен“, рече фон дер Лајен.

Белорусија веќе е под санкции наметнати од Европската Унија по наместените претседателски избори во август 2020 година и владината репресија на демонстрантите а се работи и на четвртиот круг мерки насочени кон високи функционери.

Државното правобранителство на Литванија во неделата започна темелна истрага за присилно слетување на авионот за терористички цели и кршење на човековите права.

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО) изрази длабока загриженост на Твитер во неделата за очигледно присилното слетување на авионот и неговите патници во Белорусија, предупредувајќи дека тоа би можело да биде спротивно на Конвенцијата од Чикаго, клучен меѓународен договор со кој по втората светска војна е регулирано цивилното воздухопловство.

Можете да прочитате

Парализиран воздушниот сообраќај во Москва од нападите на украински  дронови, откажани 300 летови

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула