Утрински Весник
Свет

Фон дер Лаен: Европска Унија и Велика Британија на последната милја во преговорите

Фон дер Лаен: Европска Унија и Велика Британија на последната милја во преговорите

Европската Унија и британските преговарачи се на последната милја во преговорите за трговскиот договор, постојната архитектура е во ред, но деталите остануваат, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

„Ние сме на последната милја“, рече Фон дер Лаен на состанокот на ОБСЕ одржан преку видеоврска, објави „Ројтерс“.

„Ние сакаме еднакви услови, не само на почетокот, туку и со текот на времето … ова е архитектурата што ја градиме“, истакна таа.

Се согласуваме со архитектурата, но дали деталите навистина одговараат се запраша Фон дер Лаен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран соопшти за убиени дипломати во израелски напад во Либан

Салвадор воведува доживотни казни за малолетници за сериозни кривични дела

Израелската армија може да се распадне ако не се реши недостигот на луѓе