Утрински Весник
Свет

Фон дер Лаен: Да започнеме со истребувањето на вирусот заедно и што е можно побрзо

Фон дер Лаен: Да започнеме со истребувањето на вирусот заедно и што е можно побрзо

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, објави дека во текот на следната недела во ЕУ ќе биде одобрена првата вакцина против Ковид-19 и дека вакцинацијата ќе започне веднаш и истовремено во сите земји членки.

„За да заврши пандемијата, ќе треба да се вакцинираат околу 70 проценти од населението. Тоа е голема задача, затоа да започнеме што е можно побрзо, заедно како ЕУ27 и во исто време. Да го започнеме истребувањето на овој вирус обединети”, вели Фон дер Лаен.

Во својот говор пред Европскиот парламент, Урсула фон дер Лаен оцени дека секое закрепнување во Европа започнува со победа над вирусот.

Таа предупреди дека никој не треба да мисли дека веќе сме безбедни, особено не во време кога повеќе од три илјади Европејци умираат од Ковид-19 секој ден, а бројот на новозаболени и хоспитализирани продолжува да расте во некои земји членки.

„Добрата вест е дека имаме средства и имаме надеж. Европската комисија преговараше за најширокото портфолио на кандидати за вакцини. Во рок од една недела, првата вакцина ќе биде одобрена, така што вакцинацијата може да започне веднаш.

„Купивме повеќе од доволно вакцини за секого во Европа и ќе можеме да им помогнеме на нашите соседи и партнери во светот преку Ковакс, за да никој не заостане зад ова“, рече фон дер Лаен.

Европската агенција за лекови вчера објави дека првата проценка на вакцината против Ковид-19 ќе ја објави на 21 декември.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во дискотека во Мексико

Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина

УНРВА: Во северниот дел на Појасот Газа нема вода, храна и лекови