Утрински Весник
Свет

Фон дер Лаен го предупреди Орбан: Ова е кршење на санкциите на Европската унија

Фон дер Лаен го предупреди Орбан: Ова е кршење на санкциите на Европската унија

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен изјави за Си-Ен-Ен дека одлуката на Унгарија да ја плати руската енергија во рубли ќе се смета за кршење на европските санкции.

– Направивме анализа на указот на Путин и правната ситуација е многу јасна. Она што го сугерира Путин, претворањето на еврото во рубли за плаќање гас би значело кршење на санкциите. Ако го направите тоа, мислам на плаќање во рубли, ги прекршувате или заобиколувате санкциите што и ги воведовме на Русија – изјави Фон дер Лаен во интервју за Си-Ен-Ен.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно изјави дека не е проблем Унгарија да го плаќа рускиот гас во рубли, откако Владимир Путин потпиша декрет со кој бара од „непријателските“ земји да плаќаат гас во руски рубли.

– Европската унија е во преговори со Будимпешта. Засега Унгарија се придржува до санкциите и додека не видиме поинаков начин на дејствување, се е во ред. Никогаш досега не сме ја виделе Европската унија толку обединета.

Мислам дека секоја земја-членка се прашува дали сака прва да го наруши таквото единство. Мислам дека не сака – изјави фон дер Лаен.

Можете да прочитате

Трамп најавува „некаков вид дивиденда“ за Американците од новите царини

Голем корупциски скандал во Украина – краделе од тендерите за набавка на дронови

Над 10.000 хотели од ЕУ поднесоа тужба против Booking