Утрински Весник
Македонија

Фондацијата „Заев-Едно општество за сите” испрати 20 тони производи хуманитарна помош во Украина

Фондацијата „Заев – Едно општество за сите” испрати 20 тони производи македонска хуманитарна помош за војската и за цивилното население во Украина.

Помошта е доставена во координација со Горениук Олександр, пратеник во Парламентот на Украина, кој информацијата ја сподели на социјалните мрежи.

Како што е наведено, помошта пристигнала во Одеса.

„Денеска Одеса доби серија хуманитарна помош од нашите добри пријатели од Северна Македонија поточно од фондацијата на поранешниот премиер на земјата Зоран Заев – „Фондација Заев – Едно општество за сите“. Примени се многу потребните 20 тони производи кои ќе одат за потребите на вооружените сили на Украина, бегалците и оние на кои навистина им се потребни. Ние сме многу благодарни на народот на оваа земја и лично на господин Зоран Заев и неговото семејство за поддршката на Украина во борбата против рускиот окупатор“, напиша Олександр, споделувајќи фотофрафии.

Можете да прочитате

Крвава ноќ во Чаир: 13-годишник со нож повредил тројца, двајца се тешко повредени

Левица: ДПМНЕ во немоќ ја извртува вистината, гласавме ЗА еднократна парична помош за онколошките пациенти, бараме износот на помошта да се зголеми!

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на линија на Кина, против САД