Утрински Весник
Спорт

Фоланд ги повреди лигаментите и ја заврши сезоната

Фоланд ги повреди лигаментите и ја заврши сезоната
300x250 (7)

Леверкузен, 24 февруари 2020 (МИА) – Кевин Фоланд ја заврши сезоната поради повреда на лигаманти, објави Баер Леверкузен. Фудбалерот на „фармацевтите“ се повреди во четвртокот во мечот со Порто во Лига Европа, а денешната магнетна резонанца покажа дека операција е неопходна.

Веста претставува голем шок за тренерот Петер Бош кој во финишот на сезоната опстанува без првиот стрелец во тимот кој ќе мора да паузира најмалку три месеци.

Ss1

Фоланд оваа сезона постигна 11 гола за екипата од Леверкузен во сите натпреварувања, од кои најголем дел (9) во натпревари во Бундеслигата. сѓд/сд/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Медведев го предаде мечот, Лехечка во полуфинале

Олимпијакос ја „растури“ Барселона и се избори за мајсторка

Алкараз обвинет за местење натпревари