Утрински Весник
Спорт

Флик победи на 15 од првите 18 меча со Баерн во Бундеслигата, повторувајќи го рекордот на Гвардиола

Флик го одобри трансферот на Сане, Баерн е заинтересиран и за Вернер

Дортмунд, 26 мај 2020 (МИА) – Баерн ја совлада Борусија Дортмунд (1:0) во 28-то коло од Бундеслигата. За клубот од Минхен, оваа победа беше 15. победа на 18 првенствени натпревари од моментот кога на тренерското место дојде Ханс-Дитер Флик.

Единствениот тренер на Баварците кој успеал во ова претходно е Пеп Гвардиола, кој сега работи во Манчестер сити.

По вечерашната победа во дербито, Баерн ја зголеми предноста на табелата пред второпласираната Борусија Дортмунд на седум бода. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ

Форбс ја објави листата на најбогатите фудбалски ѕвезди – Роналдо убедливо на врвот