Утрински Весник
Спорт

Флик наредната недела ќе биде промовиран во селектор на Германија

Флик наредната недела ќе биде промовиран во селектор на Германија

Ханс-Дитер Флик, наредната недела ќе биде промовиран во нов селектор на фудбалската репрезентација на Германија. Флик, функцијата ќе ја преземе од Јоаким Лев по завршувањето на ЕУРО 2020.

Тренерот Флик, спогодбено се раздели со Баерн Минхен. Клубот ќе го напушти по завршувањето на сезоната, а на неговото место доаѓа Јулијан Наглесман до Лајпциг.

Фудбалскиот сојуз на Германија, според медиумите, на 8.мај ќе ја официјализира соработката со Флик.

Во репрезентацијата на Флик ќе му помагаат луѓето со кои работи во Баерн, Мирослав Клосе и Дани Рохл.

Ханс-Дитер Флик, во перидот од 2006 до 2014 година му беше помошник на Јоаким Лев во репрезентацијата.

> Флик наредната недела ќе биде промовиран во селектор на Германија <

Можете да прочитате

Шпанија во полуфинале! Мерино повторно херој, Белгија елиминирана

Ѓоковиќ: Синер ме разнесе, беше многу подобар од мене

Франција прва обезбеди место во полуфиналето на Мундијалот