Утрински Весник
Спорт

Флик го надмина Гвардиола победувајќи на 22 од првите 25 натпревари како тренер на Баерн

Флик ја смета Борусија за една од најдобрите екипи во Европа

Минхен, 31 мај 2020 (МИА) – Баерн Минхен вчеравечер ја совлада Фортуна Дизелдорф со 5:0 во натпреварот од 29-то коло на германскиот шампионат. За тренерот на Баварците, Ханс-Дитер Флик оваа победа беше 22. побед на првите 25 натпревари како шеф на стручниот штаб.

Така, Флик го надмина достигнувањето на Пеп Гвардиола, кој победи на 21 од првите 25 средби на Баерн.

Флик го наследи Нико Ковач како главен тренер во ноември 2019 година. Оттогаш, екипата од Минхен претрпе само два порази – од Баер (1:2) и од Борусија Менхенгладбах (1:2), додека ремизира со Лајпциг (0:0). зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Премиер лигата го објави календарот за новата сезона

ФИФА ги објави датумите за интерконтиненталните баражи за СП2026

Македонските ракометарки со три контролни дуели