Тетово, 31 мај 2020 (МИА) – Фудбалскиот клуб Ренова преку својот официјален клупски Фејсбук прфил ги потврди шпекулациите дека има заразени со коронавирус во нејзините редови.
– Сакаме да ве информираме дека вестите штоги прочитавте денес се вистинити, за жал во нашиот клуб имаме 4 ПОЗИТИВНИ СЛУЧАИ СО КОВИД 19. Имињата на луѓето ќе ги има следните денови, не дека сакаме да ги чуваме во тајност, туку треба да се направи вториот тест и овие случаи треба да се докажат. Целиот тим на ФК Ренова откажа каква било активност се додека немаме препораки од надлежните органи. Сега со нас како клуб и како семејство не ни е грижа дали ќе се игра овој шампионат или не, туку се грижиме само за здравјето на нашите членови и нивните семејства. Се надеваме дека некои други почнаа да разбираат колку е сериозна оваа состојба. Здравје пред сè. Заедно ќе ги надминеме сите предизвици, стои во соопштението на Ренова.
Покрај Ренова, заразени со коронавирусот има и во Шкендија. Во редовите на тетовци станува збор за две заразени лица. зс/