Утрински Весник
Економија

„Фич“ и „Стандард и Пурс“ го потврдија кредитниот рејтинг на земјава, проектираат пад и закрепнување на економијата

„Фајнанс тинк“: Поради коронавирусот, да се подготви план за поддршка на граѓаните и фирмите

Скопје, 16 мај 2020 (МИА) – Кредитните агенции „Фич“ и „Стандард и Пурс“ го потврдија уште еднаш кредитниот рејтин на Република Северна Македонија. „Фич“ ја оценува земјава со ББ+, но сега со негативен изглед поради глобалната пандемија, додека „Стандард и Пурс“ со ББ- со стабилен изглед, соопшти денеска Министерството за финансии.

И двете кредитни агенции, како резултат на КОВИД-19 кризата и проекциите за забавување на глобалната економија, предвидуваат контракција на економскиот резултат во 2020 година и закрепнување, односно раст во 2021 година, со тоа што Фич проектира -4,2 проценти за 2020 и 5,1 процент раст во 2021, додека „Стандард и Пурс“ -5 проценти во 2020 и 3,8 проценти во 2021 година.

-Кредитните агенции ги нотираат мерките кои се преземени од страна на Владата  насочени кон зачувување на работните места, поддршка за најпогодените индустрии, како и меки регулаторни мерки. Како што се наведува и во двата извештаја мерките ќе придонесат за зголемување на буџетскиот дефицит и ќе влијаат на зголемување на државниот долг кој според проценките на кредитните агенции ќе се приближи до 50 проценти. Заедно  со опоравувањето на економијата се предвидува и намалување и стабилизирање на буџетскиот дефицит, соопшти Министерството за финансии.

Кредитни агенции го оценуваат банкарскиот сектор како стабилен исто, како и домашната валута која има фиксен курс со еврото.

Од Министерството за финансии дополнуваат дека и двете агенции како позитивно го оценуваат зеленото светло од Европската унија за почеток на преговори што заедно со спроведувањето на реформи може значително да придонесе за развој на економијата. лв/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk