Утрински Весник
Спорт

ФИФПро: Кризата може да стави крај на женскиот фудбал

ФИФПро: Кризата може да стави крај на женскиот фудбал

Милано, 16 април 2020 (МИА) – Меѓународниот сојуз на професионални фудбалери ФИФПро предупреди дека кризата со коронавирусот е „егзистенцијална закана“ за женскиот фудбал. Во извештајот објавен денес, организацијата ги повикува раководните тела и засегнатите страни да преземат акција за да ги заштитат играчите и „да изградат поцврста основа“ за играта.

– Сегашната состојба веројатно ќе претставува скоро егзистенцијална закана за женскиот фудбал доколку не се преземат конкретни мерки за заштита на женската фудбалска индустрија, велат од ФИФПРО.

Организацијата е загрижена за недостатокот на глобални стандарди што ги ставаат жените во „висок ризик да ја загубат својата професија“.

– Поради помалку воспоставените професионални лиги, пониски плати, потесен обем на можности, нерамномерни спонзорски зделки и помалку корпоративни инвестиции, кршливоста на женскиот фудбалски екосистем не е заштитен од сегашната состојба. Освен ако не постои специфична заложба за стабилизирање на конкуренцијата, економската стагнација на крајот ќе доведе до банкрот на инаку профитабилни и стабилни клубови на многу пазари, додаваат од организацијата.

Женскиот фудбал ќе има потреба од „иновации и интервенција од приватниот и јавниот сектор, од политичарите и управните тела, од телевизиските компании и спонзорите“.

– Извештајот на ФИФПро за подобрување на меѓународните стандарди за професионален женски фудбал за 2020 година е одложен поради сегашната криза, велат од синдикатот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026