Утрински Весник
Спорт

ФИФА ќе ја прекине соработката со „ЕА Спортс“

ФИФА ќе ја прекине соработката со „ЕА Спортс“

Светската фудбалска федерација (ФИФА) планира да ја прекине долгорочната соработка со „Електроникс Артс“, компанијата за производство на .-игри, која ја изработува екстремно популарната серија игри ФИФА.

Во објава на ФИФА, федерацијата потврди дека ќе го смени приодот кон електронските спортови и .-игрите, за фудбалските фанови да имаат поспецијализирано искуство.

„Гејмингот и е-спортовите се во огромен раст, со нов и различен тип на игри кои постојано излегуваат. Затоа е клучно ФИФА и членките на ФИФА да ги максимизираат своите можности во фудбалот и гејмингот“, се вели во објавата на ФИФА.

Тие додаваа дека почнале преговори со повеќе компании, со кои би се склучиле посебни договори и ЕА би ја загубила ексклузивната лиценца. Инаку, преговорите меѓу ЕА и ФИФА траеја подолго време без напредок.

> ФИФА ќе ја прекине соработката со „ЕА Спортс“ <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија