Светската фудбалска федерација (ФИФА) се против на формирањето на европската Суперлига. Неколку месеци се шпекулира дека најбогатите фудбалски клубови ќе формираат своја лига. Ваквото натпреварување ќе ја уништи Лигата на шампионите на УЕФА.
ФИФА, се огласи преку соопштение, кое е потпишано од првиот човек на оваа организација Џани Инфантино и од претседателите на сите останати конфедерации.
Ставот на ФИФА е дека ниту еден играч и клуб, што ќе настапува во оваа лига, нема да може да се настапи во натпреварувањата кои се под капата на ФИФА и нејзините членки.
Во превод, ова значи, дека доколку биде формирана европската Суперлига, на големите натпреварувања за своите репрезентации нема да учествуваат најголемите ѕвезди на светскиот фудбал.
ФИФА потенцира дека сите натпреварувања треба да бидат организирани во договор со конфедерациите и ФИФА.
FIFA and the six confederations have released a statement in light of recent media speculation about the creation of a closed European ‘Super League’.
ℹ️? https://t.co/0WCjeZSVDl pic.twitter.com/uiCAVBkMXw
— FIFA.com (@FIFAcom) January 21, 2021
> ФИФА се закани: Ако играат во Суперлигата фудбалерите нема да можат да настапуваат за репрезентациите <