Утрински Весник
Македонија

Засилени контроли и казни за спречување на кражбите на капаци на шахтите

Засилени контроли и казни за спречување на кражбите на капаци на шахтите
Screenshot

ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека тендецијата за масовно крадење на капаците на шахтите и решетките од сливниците продолжува и денес.

Pet Utrinski

Од компанијата додаваат дека заради спречување на ваквиот вандализам и санкционирање на сторителите, ќе се засилат контролите на комуналните служби низ општините, но и на откупните центри за старо железо, каде доколку се пронајдат вакви предмети, ќе бидат изречени казни согласно Законот.

„ Во општина Карпош, денес повторно е потврдена кражба на капаци на шахти на следните локации: бул. Партизански одреди, на велосипедската патека кај Поликлиника Букурешт, кај ГУЦ и на бул. 8 Септември. Ваквиот вандализам негативно се одразува и ја загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот. И овој случај е документиран и пријавен во полициска станица, комуналните служби на Град Скопје и комуналните служби на општината“ соопштија од Водовод.

Оттаму додаваат деќа ќе бидат поставени нови капаци на посочените локации, но апелираат до јавноста и граѓаните, да не се крадат капаци и решетки од улиците, бидејќи, како што велат, на тој начин не се нанесува само штета на претпријатието туку и се загрозува безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ОЈО Велес побара, а судот прифати притвор за лицето кое со кујнски нож му се заканило на својот татко дека ќе го убие

Маричиќ – Бомгартнер: Поддршката од Франција за евроинтеграцијата на државата е цврста заложба за продолжување на процесот

Еко-свест испрати писмо со предлози до новата Влада за заштита на животната средина