Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

ФИФА: Роботи ќе ги заменат помошните судии

ФИФА: Роботи ќе ги заменат помошните судии
300x250 opst2

ФИФА од Светското првенство во Катар планира да воведе револуционерна промена во фудбалската игра. Директорот за технологии во ФИФА, Јоханес Холцмилер, рекол дека роботи би можеле да ги заменат линиските судии на СП во 2022 година.

Според Холцмилер, револуционерниот систем кој бил тестиран минатат година на Светското клупско првенство би требало да биде подготвен за Мундијалот во Катар.

Новиот систем ФИФА има намера да го воведе поради сѐ поголемиот проблем што го имаат судиите со офсајдите. Особено тоа стана очигледно со употребата на ВАР-технологијата.

ФИФА има план крај терените да бидат поставени роботи кои во секој момент би влечеле линии со последниот човек во одбраната. Тие веднаш би го алармирале главниот судија доколку играч би се нашол во недозволена позиција.

„Идејата на овој проект е да се забрза прегледувањето на снимката и да им се олесни работата на ВАР-судиите. Линиите повеќе нема да ги влечат судиите во ВАР-собата, туку тоа ќе го прават роботите. Со оваа технологија ќе биде забрзан целиот процес. Денес линиите за офсајд се влечат откако ќе биде „замрзната“ сликата од ТВ-преносот, но понекогаш ниту на снимка не може да се најде точниот момент кога била упатена топката“, рекол за телевизијата „АРД“ Холцмилер.

> ФИФА: Роботи ќе ги заменат помошните судии <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент