Утрински Весник
Спорт

ФИФА клупскиот Мундијал ќе се игра во февруари

ФИФА клупскиот Мундијал ќе се игра во февруари

Светското клупско првенство на ФИФА наместо во декември ќе се одигра во февруари наредната година, тврди „Зидојче Цајтунг“.

На конгресот на ФИФА, одржан во август, првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, најави дека поради пандемијата со коронавирусот, календарот ќе претрпи измени.

Досега се познати само екипи кои обезбедија учество на клупскиот Миндијал: европскиот првак Баерн Минхен, шампионот на Океанија Оукланд сити и домаќинот Ал-Духаил.

Поради пандемијата беа прекинати останатите натпреварувања поради што допрва треба да бидат познати шампионите на Јужна, Северна и Средна Америка, односно Азија и Африка.

> ФИФА клупскиот Мундијал ќе се игра во февруари <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Заврши првата фаза на Европското првенство во ватерполо

ЕХФ ЕУРО 2026: Македонските ракометари на мегдан со кодомаќинот Данска

Мурињо го коментираше поразот од Порто