Утрински Весник
Економија

ФИТР ќе ги презентира резултатите од јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој

ФИТР побара дополнително олеснување на пристапот на компаниите до финансиска поддршка

Скопје, 22 мај 2020 (МИА) – Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР)  денеска ќе ги презентира резултатите од јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој и дел од завршената анализа на работењето на компаниите корисници на средства на Фондот.

Јавниот повик, кој е  наменет за финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи (ПЗУ), беше објавен пред кризата, поради што ФИТР донесе одлука да им овозможи на апликантите да ги прилагодат доставените инвестициски планови со цел средствата да се наменат за економско заздравување на домашните компании. вј/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Граѓански обврзници може да се запишат до 1 декември во деловните банки

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

СДСМ: Кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари