Утрински Весник
Македонија

Фирма од Радовиш во својот ресторан организирала матурска прослава во време на епидемија

Радовишката полиција поднесе кривична пријава против фирма од овој град и нејзиниот 44-годишен сопственик Л. П. поради сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што информираат од МВР, на 6 септември годинава полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект на фирмата и констатирале дека на летната тераса била организирана матурска прослава, спротивно од член 12 од Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Во АРМ ќе бидат примени нови 300 професионални војници

Сиљановска Давкова: Не мислам дека треба да има предвремени избори

Проштална средба меѓу Агелер и Мицкоски