Утрински Весник
Македонија

Фирма од Дебар испуштила отпадно моторно масло во Дебарското Езеро

Фирма од Дебар испуштила отпадно моторно масло во Дебарското Езеро

Фирма од Дебар заработи кривична пријава поради испуштање на отпадно моторно масло во Дебарското Езеро.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе пријава против правно лице од Дебар за загрозување на животната средина и природата со отпадни материи и против Т.Д.(56) од Скопје и А.Д.(55) од Дебар, одговорни лица во правниот субјект, за несовесно работење во службата.

Полицијата соопшти дека на 19 март, одговорните лица дозволиле истек на употребено моторно масло, сопственост на правното лице, во градската канализациска мрежа, а оттука преку поток кај месноста „Трап венец“ во водите на Дебарското езеро.

Со тоа, пријавените ја загрозиле животната средина и околината и постапиле спротивно на одредбите од Законот за управување со отпад, Законот за животна средина и од Правилникот за постапките и начинот за собирање, транспортирање, преработка, складирање, третман и отстранување на отпадните масла.

Можете да прочитате

Обвинителството: Лани во октомври на Михајлова ѝ се одземени два пасоша и не ѝ беа вратени поради ризик од бегство

МВР: Ива Михајлова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Пронајдени девет лица мигранти, уапсени двајца криумчари