Утрински Весник
Македонија

Фирма од Дебар испуштила отпадно моторно масло во Дебарското Езеро

Фирма од Дебар испуштила отпадно моторно масло во Дебарското Езеро
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Фирма од Дебар заработи кривична пријава поради испуштање на отпадно моторно масло во Дебарското Езеро.

Според информациите на МВР, полицијата поднесе пријава против правно лице од Дебар за загрозување на животната средина и природата со отпадни материи и против Т.Д.(56) од Скопје и А.Д.(55) од Дебар, одговорни лица во правниот субјект, за несовесно работење во службата.

Полицијата соопшти дека на 19 март, одговорните лица дозволиле истек на употребено моторно масло, сопственост на правното лице, во градската канализациска мрежа, а оттука преку поток кај месноста „Трап венец“ во водите на Дебарското езеро.

Со тоа, пријавените ја загрозиле животната средина и околината и постапиле спротивно на одредбите од Законот за управување со отпад, Законот за животна средина и од Правилникот за постапките и начинот за собирање, транспортирање, преработка, складирање, третман и отстранување на отпадните масла.

Можете да прочитате

Потпишан Меморандум за разбирање со Универзитетот „Мајка Тереза“ 

Муамет Хоџа официјално ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање

Филипче за Алта Банка: Сомнителен капитал одбиен во ЕУ, прифатен во Македонија