Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Фиорентина се засили со Иконе

Фиорентина се засили со Иконе
300x250 opst2

Жонатан Иконе (23), пристигна во Фиренца, каде во текот на денот ќе го официјализира трансферот од Лил во Фиорентина.

Претседателот на „виолетовите“, Роко Комисо, за овој трансфер издвои 14.000.000 евра. Во трансферот е вклучен и бонус од 1.000.000 евра, а Лил ќе добие и 15 отсто од наредниот трансфер на Иконе.

Иконе, го напушти Лил по три и пол сезони. На северот на Франција тој пристигна од ПСЖ за 5.000.000 евра.

На новите соиграчи, Иконе, ќе им се приклучи по Божикните празници, на 29.декември.

Повремениот репрезентативец на Франција (ч натпревари, 1 гол), за Лил одигра 150 натпревари во Лига 1, постигнал 16 гола и забележал 27 асистенции.

> Фиорентина се засили со Иконе <

Можете да прочитате

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер