Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Финикс го запреа Јокиќ за предност од 1-0 во серијата против Денвер

Финикс го запреа Јокиќ за предност од 1-0 во серијата против Денвер
300x250 opst2

Кошаркарите на Финикс Санс водат со 1:0 во полу-финалната серија против Денвер Нагетс. Финикс забележаа победа во првиот меч од 122:105.

Финикс, дуелот со Денвер го добија во втората половина од третата четвртина, кога се вратија од двоцифрениот минус (60:70) и поведоа со девет поени (88:79). Во последната четвртина, на таа предност додадоа уште девет поени. Од таков минус Денвер не може да се вратат.

Во периодот кога Финикс ја правеа разликата, успеаја целосно да го неутрализираат најдобриот играч на Денвер Никола Јокиќ.

Тимската игра им овозможи на Финикс да дојдат до победата, четворица играчи постигнаа 20+ поени: Мајкл Бриџис 23 поени, Девин Букер (21 поен и осум асистенции), Крис Пол (21, осум скока, 11 асистенции), Диандре Ејтон (20 поени, 10 скока).

Јокиќ го предводеше Денвер со 22 поени, девет скока, три асистенции и три блокади, Ерик Гордон постигна 18, а Мајкл Портер јуниор 15 поени.

Вториот меч од оваа серија ќе се одигра во четврток, домаќин повторно ќе биде Финикс.



> Финикс го запреа Јокиќ за предност од 1-0 во серијата против Денвер <

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона