Утрински Весник
Спорт

ФИНА го одложи СП во ватерполо

ФИНА го одложи СП во ватерполо

Светската пливачка федерација (ФИНА), го одложи Мундијалот во ватерполо за наредната година. Владата на Јапонија, побара од ФИНА, Светското првенство да биде одложено поради пандемијата на коронавирусот.

Светското првенство требаше да се одржи во Фукуока од 13. до 29.мај. Отприлика во истиот термин, ватерполо Мундијалот, ќе се одржи наредната година.

Одлуката на ФИНА значи дека за една година ќе биде поместено и Светското првенство во Доха. Наместо во ноември 203, овој шампионат ќе се одржи во 2024 година.

Актуелен светски првак во ватерполо е Италија.

> ФИНА го одложи СП во ватерполо <

Можете да прочитате

Претседател на македонски фудбалски клуб фатен со шверцувано злато во Турција

Иранските спортисти добија забрана за патување во „непријателски земји“

Тешка вечер за македонските младинци: Италија победи со 4:0