Нион, 2 март 2020 (МИА) – Финалето во Лига Европа во 2022 година ќе се игра на „Пушкаш арена“ во Будимпешта додека Суперкупот истата година ќе биде на Олимпискиот стадион во Хелсинки, а во 2023 година на „Казањ арена“ во Русија.
Ова се одлуки од денешниот Самит на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). „Пушкаш арена“ е отворена во ноември лани, има капацитет од 67.215 гледачи и во неа игра само репрезентацијата на Унгарија.
Олимпискиот стадион во Хелсинки, пак, прима 42.000 гледачи и изграден е во далечната 1938 година. Од тогаш е реновиран 10 пати и беше надвор од употреба од 2016 година до 2019 година. Дом е на фудбалската селекција на Финска.
„Казањ арена“ е изградена во 2013 година. Нејзиниот капацитет е 45.000 гледачи и беше направена за потребите на Светското првенство во 2018 година. Своите мечеви како домаќин во неа го игра рускиот премиерлигаш Рубин. сѓд/