Утрински Весник
Македонија

Во пожар кај Костурино изгореа два хектара сува трева и нискостеблеста шума

Во пожар кај Костурино изгореа два хектара сува трева и нискостеблеста шума

Струмица, 2 март 2020 (МИА) – Во атарот на село Костурино попладнево околу 15:20 часот избувна пожар во кој е зафатена сува трева и нискостеблеста шума, информираат од Територијалната противпожарна единица на Струмица.

-Опожарена е површина од околу два хектара, а во гаснењето на пожарот учествува едно противпожарно теренско возило и тројца пожарникари, дополнуваат во информацијата од ТППЕ Струмица.

Според последните информации, пожарот е локализиран и се очекува наскоро да биде целосно изгаснат. рт/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сулејмани и Ерсој во Анкара: Нови можности за соработка во културата и туризмот

Сузбиена криминална група за криумчарење стоки, поднесена кривична пријава против осум лица, одземени над 100.000 евра, лекови, суплементи и други предмети

Во Тетово уапсени две лица за посредување при вршење проституција