Утрински Весник
Култура

Филмскиот фестивал во Венеција ја открива магијата на летното кино

Филмскиот фестивал во Венеција ја открива магијата на летното кино

Бројни фестивали се откажани во последните месеци или ги прикажаа своите филмови само преку интернет. Фестивалот во Венеција е првиот голем фестивал што се одржува и покрај пандемијата на коронавирусот.

Фестивалот ќе го отвори италијанската семејна драма „Lacci“ со Алба Рорвахер. По повеќемесечна неизвесност, затворени кина и откажани снимања, сега постои надеж дека работите полека ќе се вратат во нормала.

Сепак, безбедносните мерки поради пандемијата ќе играат важна улога и во Венеција. Директорот на фестивалот Алберто Барбера објави голем број правила: помалку филмови, повеќе кина, едно и на отворено. Покрај тоа, температурата ќе се мери на влезот за посетителите, задолжително е да се носи маска (исто така и за време на прикажувањето на филмот) и да се држи растојание. А, како ќе се одржат прес-конференциите? Како ќе изгледаат работите со црвениот килим кога ќе пристигнат sвездите? Тоа ќе се види во наредните денови.

Во официјалната програма годинава има помалку американски филмови, но има холивудски ѕвезди. Оскаровката Кејт Бланшет е претседател на меѓународното жири, во кое е и американскиот актер Мет Дилон. Тој влезе наместо првично најавениот романски режисер Кристи Пују. Таа промена не е официјално објавена. Можно е Пују да отпаднал поради видео во кое се противи на носење маска, која се прошири на социјалните мрежи пред неколку недели.

За „Златниот лав“, меѓу другите, се натпреваруваат „Nomadland“ на американскиот режисер со кинеско потекло Клоет Жао, во кој главната улога ја игра Франсис Мекдорманд. Тука е и филмот „The World to Come“, на американскиот режисер со шведско потекло Мон Фастволд, во кој играат Кејси Афлек, Ванеса Кирби и Кристофер Абот. Од познатите режисерски имиња се Французинката Никол Гарсија (Amants), Унгарецот Корнел Мундруко (Pieces of a Woman), Израелецот Амос Гитаи (Laila in Haifa), Иранецот Махид Махиди (Sun Children) и босанската режисерка Јасмила Жбаниќ (Quo vadis, Аида?).

Во еден документарец, фокусот е насочен кон активистката за клима, Грета Тунберг, додека Италијанецот Лука Гуадањино во краткиот филм „Фиори, Фиори, Фиори!“ следи како неговите пријатели во Сицилија се справуваат со пандемијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“