Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Филмот за Бонд во еден ден заработи 5 милиони фунти во Обединетото Кралство

Филмот за Бонд во еден ден заработи 5 милиони фунти во Обединетото Кралство
300x250 opst2

Последниот филм на Даниел Крег како Џејмс Бонд, „Не е време за умирање “, заработи меѓу 4,5 и 5 милиони фунти на првиот ден во кината во Велика Британија и во Ирска, проценија продуцентите.

Филмот беше одложен неколку пати поради светската здравствена криза, и индустријата внимателно набљудува дали може да ги подигне приходите од киноблагајните на нивоа пред пандемијата.

Заработката во првиот ден на прикажување е 13% повисока од Spectre (2015), но 26% пониска од Skyfall (2012), објави „Јуниверзал пикчрс“.

„Тоа беше и најобемно киноиздание во Обединетото Кралство на сите времиња,“ додаваат тие.

„Јуниверзал“ наведува дека No Time To Die се отвори во 772 киносали во Велика Британија и Ирска во четвртокот – 25 повеќе од претходниот рекордер, „Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер“, во 2019 година.

Повеќе од 30,000 луѓе присуствувале на полноќните проекции во Велика Британија и Ирска, каде што беа продадени 1,6 милиони авансни билети за првите четири дена, соопшти студиото.

Ова ги надмина вкупните авансни резервации за „Спектре“за повеќе од 12% и е на иста линија со „Скајфол“.

Можете да прочитате

Џамбазов доби признание за животно дело на фестивалот во Крива Паланка

Најчестите грешки при подготовка на ајвар

Бил Гејтс ќе се откаже од 99% од своето богатство и открива 10 разлики меѓу богатите и сиромашните