Утрински Весник
Култура

Филмот „Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски од денес во Кинотека во Скопје

Филмот „Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски од денес во Кинотека во Скопје

Играниот филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски од денеска до вторник ќе се прикажува на репертоарот на Кинотека во Скопје.

Вечерва и во понеделник, гледачите ќе можат да го погледнат филмот во терминот од 20, а во сабота и вторник од 18 часот.

Филмот ја раскажува приказната за настаните поврзани со смртта на еден млад пациент, по која младиот доктор Никола се обидува да направи ред во својот живот и оди на посета кај неговиот дедо. Последен пат бил кај него пред 10 години. Ова е филм за конфликт на генерации, со контраст на морални вредности, моменти за втора шанса.

Пиперкоски за „Дедо и Внук“ освои бројни награди на меѓународни фестивали, меѓу кои и наградата во категоријата „Најдобар филм“ на Интернационалниот Филмски Фестивал во Париз, за најдобра режија на The Buddha International Film Festival, а доби и две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) од 4-th Dimension Independent Film Festival и уште една награда на TIFF -Tagore International Film Festival во категоријата играни филмови.

Во филмот играат: Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери, меѓу кои се истакна и тогаш 12-годишниот охриѓанец Наум Цветкоски. Продуцент е Огнен Антов од „Дрим фактори“, во соработка со: „Пандорас бокс продукција“ и „Елиен филм“, и е финансиски помогнат од Агенцијата за филм. Директор на фотографија е Романецот Патру Паунеску, сценографијата е на Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, композитор Оливер Тевчев, а монтажата ја направи Данчо Стефков.

Текстот Филмот „Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски од денес во Кинотека во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“