Утрински Весник
Економија

Филип Морис ТКП денеска го лансираше IQOS во земјава 

Филип Морис ТКП денеска го лансираше IQOS во земјава 

Скопје, 26 мај 2020 

Иновативниот уред IQOS (ајкос) кој направи револуција во тутунската индустрија од денеска е во продажба во Македонија 

IQOS е електронски уред кој го загрева, но не го гори тутунот. Бидејќи се избегнува процесот на согорување, при неговото користење се испушта до 95% помалку штетни состојки од оние кои се создаваат со пушењето. За негова употреба се користи специјално дизајниран несогорлив тутун, а при процесот на негово користење нема чад и пепел.  

„IQOS е производ на кој Филип Морис работеше повеќе од една деценија. Резултат е на работата и посветеноста на над 400 врвни научници и експерти ангажирани од Филип Морис Интернешнл, а инвестирани се повеќе од 7 милијарди долари. Повеќе од 10 милиони возрасни пушачи во 53 земји во светот избраа да преминат од цигарите на овој производ. На овој начин се грижиме за создавање свет без чад, нудејќи им на возрасните пушачи подобар избор“, изјави Михаeл Солтер, генерален директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) ДОО Скопје.

Од денес, IQOS може да се купи онлајн и да се најде во поголемите трговски центри во Скопје.  

Компанијата ФМТКП е заедничка компанија на Филип Морис Интернешнл и Тутунскиот Комбинат Прилеп основана во 2014 година 

Филип Морис Интернешнл 

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Божиновска: Законот за енергетика ќе значи бенефит за граѓаните и сигурност за инвеститорите

Славески: Да обезбедиме ниска и стабилна инфлација за поддршка на економијата

Министерството за економија и труд почнува информативни денови за мерките за вработување – прв настан денес во Прилеп