Утрински Весник
Македонија

Филипче: Ќе треба да се закаже термин за вакцинација на деца

Филипче: Ќе треба да се закаже термин за вакцинација на деца
Dik 300x250 mk

Вакцинацијата на деца од 12 до 16 години ќе мора да се закажува на страницата www.vakcinacija.mk информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој беше во посета на поликлиниката Шуто Оризари, каде што беше отворен вакцинален пункт.

„Ова се прави поради подобра организација, од една виала „Фајзер“ се даваат шест дози вакцини односно се вакцинираат шест лица. За да не дојде до отворање на вакцината и само на пример две апликации да се извршат, го правиме ова. По пријавување на децата, ќе се добие термин за нивна вакцинација. Родителите ќе може да го направат пријавувањето до четврток, а од петок ќе почне вакцинацијата на младите од 12-до 16 години“, рече Филипче.

Вакцинирањето на децата од 12 до 16 години со вакцината на „Фајзер“ ќе започне од петок. Оваа вакцина во моментов е единствена која е дозволена да се користи согласно препораките од внатрешното упатство за оваа категорија на деца, појаснија деновиве здравствените власти.

Можете да прочитате

Хаќим Рамадани по поразот во Брвеница бара работа само во приватни компании

Велосипедистот кој беше усмртен денеска во Скопје е познат директор

Турција и Балканот: стабилност, а не закана