Утрински Весник
Македонија

Филипче: Технички може да се промени епидемиолошката анкета, добро е што на пунктовите има многу малку позитивни случаи

Филипче: Технички може да се промени епидемиолошката анкета, добро е што на пунктовите има многу малку позитивни случаи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 3 април 2020 (МИА) – Технички прашањата во епидемилошката анкета кои се однесуваат на тоа дали лицето било во странство или имало контакт со лице кое било во странство може да се променат од страна на матичните лекари кои се со искуство, вели министерот за здравство Венко Филипче.

-Точно дека тие прашања се од почетокот и се однесуваат на тоа дали лицето имало контакт со странство, но матичните лекари се со искуство и технички може да се смени прашањето, изјави министерот одговорајќи на новинарско прашање дали ќе има промена на овие прашања со оглед на тоа што веќе вирусот се шири локално.

Според Филипче е позитивно тоа што на пунктовите за тестирање од коронавирусот се забележани многу малку позитивни случаи.

– Многу е важно што увидовме дека многу малку на пунктовите се забележани позитивни случаи на Ковид-19. Од луѓето кои се јавуваат, кои аплицираат на анкетата, пред се позитивните случаи, се лица на кои им пристапуваат епидемиолозите, на пациенти кои веќе имаат сериозни симптоми, кои што укажуваат на запаление на белите дробови, кои што може да потекне од коронавирусот, рече Филипче.см/скс/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Исплатени 336 милиони денари субвенции за 1.211 сточари

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Магла на патните правци Дебар – Струга, Куманово – Крива Паланка и Велес – Катланово