Утрински Весник
Македонија

Филипче: Тестовите во ИЈЗ се одобрени од СЗО

Филипче: Тестовите во ИЈЗ се одобрени од СЗО

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Тестовите кои се користат во Институтот за јавно здравје се одобрени од Светската здравствена организација (СЗО) и има само претпоставки после колку време од тестирањето за оние за кои се добива позитивен резултат може пациент да се негативизира имајќи превид што не се знае колку време претходно бил носител  на вирусот.

Ова е одговорот од министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање на денешната прес-конференција на кои тестови да им се верува со оглед на тоа што неговиот и тестот на премиерот Оливер Спасовски се негативни на коронавирусот, но се негативни и трите теста што ги направил градоначалникот на Куманово во приватни лаборатории, но тој и половина Кризен штаб се во карантин затоа што првиот тест им покажал дека се позитивни.

– Во конкретниот случај знаеме дека разликата помеѓу двата теста била некаде 17 – 18 дена, што со третиот тест со дополнително 10, е сосем доволен период еден пациент да се негативизира. Но, мерките се даваат за да се имплементираат и за да се почитуваат. Тоа е суштината, зад секоја мерка има медицинска издржаност зошто тоа треба да биде така. Четиринаесет дена трае инкубацискиот период.Јас лично немам решение за изолација, но седам 14 дена заради тоа што во кој било период од тие 14 дена некој може да покаже  дека е позитивен на вирусот заради тоа што трае инкубацијата, појасни Филипче.

Во таа смисла, додаде дека смета оти апсолутно секој треба да се придржува до мерките заради тоа што препораката и теркот како се прави кога се утврдува дали кај некој пациент го поминал вирусот и се нагативизирал, истакна Филипче,  има медицинска оправданост согласно однесувањето и карактеристиките на вирусот. цр/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј