Утрински Весник
Македонија

Филипче: Со донација од САД, Здравствениот дом во Пробиштип е прв гасифициран објект во регионот

Филипче: Со донација од САД, Здравствениот дом во Пробиштип е прв гасифициран објект во регионот
Dik 300x250 mk

Министерот за здравство Венко Филипче заедно со генерал-мајорот Грегори Најт и вршителот на должност амбасадор на САД Ерик Мајер денеска ја посетија здравствената установа во Пробиштип, каде со американска донација се реновирани просториите и влезот на Итната медицинска помош, а Здравствениот дом е гасифициран и променета е кровната конструкција на објектот.

„ Сакам да се заблагодарам за помошта којашто во континуитет ја добиваме од нашиот најголем и најважен стратешки партнер САД, во делот на менаџирање на ковид кризата, но и генерално во изминатите повеќе од 20 години, посебно во секторот здравство. Од почетокот на кризата помогнаа на Министерството за здравство со донација за нас многу битна во форма на лична заштитна опрема, заштитни маски, медицинска опрема. Овој проект е дел од една серија на проекти за зајакнување на здравствените институции во нашата земја и после Клиниката за неврологија, Детска хирургија, болницата во Демир Хисар, ургентниот центар во болницата 8ми Септември, ова е проект којшто е сега завршен и значи целосна енергетска ефикасност во делот на реконструкцијата на кровот и гасификација, со што овој објект е прв објект во Пробиштип којшто користи течен гас за затоплување и со ова е решен проблемот со загадувањето во овој дел“ истакна министерот Филипче.

Можете да прочитате

Крадец влегол преку незаклучена врата, украл накит на скопјанка, ја турнал и побегнал

Лишен од слобода бегалец од затвор, осуден на затворска казна од девет години и еден месец

Продлабочувањето на соработката во фокус на средбата Минчев-Сулстром