Утрински Весник
Македонија

Филипче: Состојбата во болниците се стабилизира, очекуваме повеќе исписи од приеми на болни

Филипче: Состојбата во болниците се стабилизира, очекуваме повеќе исписи од приеми на болни

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово одржа состанок со директорите на ковид центрите од клиниките во комплексот „Мајка Тереза“ на кој беше разгледана состојбата со бројот на хоспитализирани и слободни места по инфективните одделенија.

По направените анализи, заклучено е веќе има благ пад на бројот на хоспитализирани на дневно ниво.

„Очекуваме во наредниот период да има повеќе испишани отколку примени пациенти. На инфективните оддели има се повеќе слободни места. Секако ја следиме состојбата од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети кои се спремни да се отворат“, рече Филипче.

На сите инфективни оддели има слободни места со довод на гасови, а во наредните неколку дена ќе завршат градежните работи кои ќе овозможат да се отворат нови соби со довод на кислород.

„Мерките кои Комисијата за заразни болести ги донесе даваат резултат и бројаката на хоспитализации се стабилизира. Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи“, изјави Филипче.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Д-р Даниловски за Западнонилската треска: Осум тешки случаи се откриени, но не знаеме колку луѓе се заразиле 

Пациент со западно-нилска треска во критична состојба – заразен од комарец во Скопје

Пожарот кај Велес се прошири кон патот за Штип, МВР го регулира сообраќајот