Утрински Весник
Македонија

Филипче: Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час

Филипче: Заборавањето на основните мерки за заштита може да биде фатално

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека утре до Владата ќе биде предложен дополнителниот сет мерки за превенција од коронавирусот.

„Анализирајќи ги сите овие нови бројки на заразени во минатите недели, за утрешната седница ќе предложиме сите економски оператори да работат до 23 часот, ограничување на јавниот превоз до 50 проценти, препорака до јавната администрација, општините и судовите, работниот процес да се одвива во смени или оналајн од дома“, рече Филипче.

Поради зголемувањето на бројот на новозаразени минатите недели, капацитетите во болниците во Струмица, Куманово, Штип и Прилеп се веќе исполнети, а отворено е уште едно крило во болницата во Битола. Забрзано се полнат кацитетите и во болницата во Гостивар.

„Ситуацијата е навистина сериозна, следен чекор би бил полициски час. Да смогнеме сили сите да го избегнеме сето ова“, порача Филипче.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

(Фото+Видео) Ноќ на труење, голем пожар на Дрисла го прекри градот во чад

Филипче: Аферата со АНБ е измислена, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината

Сиромашни сме за нула отпад, смета премиерот – создаваат магла и растураат пердуви