Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Филипче: Светска банка го поддржа прелиминарниот предлог проект за справување со ковид-19

Филипче: Светска банка го поддржа прелиминарниот предлог проект за справување со ковид-19
Img 7972

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска одржа работен состанок со експертите од Светска банка, на кој ги образложи сите аспекти од проектот за подобрување и надградување на здравствената инфраструктура, односно брз одговор и справување со ковид-19.

На состанокот од страна на Светска банка присуствуваа водечкиот специјалист за здравство Доминк Хазен, одговорната за програмите за човечки развој во канцеларијата на Светска банка во Скопје Бојана Нацева, специјалистот за набавки Антониа Виачка, како и виш специјалист за општествен развој Беким Имери, специјалистот за животна средина Ивана Новаковиќ и програмскиот асистент Јасминка Шопова.

„Светска банка го поддржа прелиминарниот предлог проект, кој има одличен концепт за справување со здравствената криза предизвикана од коронавирусот. На состанокот ги образложив сите аспекти кон покривање на итните потреби на здравствениот систем, а тоа е зајакнување на капацитетите на системот за соодветно менаџирање на случаите со ковид-19. Проектот е насочен кон подобрување на дел од здравствените установи, но и обезбедување на лабораториска опрема. Жалам што дополнителната заменичка министерка за финансии целиот овој изминат период го блокираше проектот, а со тоа се ставија во ризик пациентите. Нашиот предлог план е поддржан од страна на Светска банка, но истиот може и да се надополни, тие се флексибилни. Пациентите се на прво место. И токму затоа, со овој проект, ќе го зајакнеме нашето јавно здравство, но и подобро ќе одговориме на предизвикот со ковид-19“, изјави министерот Филипче.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

Ацевски: Две нови катни гаражи околу пазарот во Ѓорче – решаваме долгогодишен хаос со паркирањето