Утрински Весник
Македонија

Филипче: Руската вакцина ни ја понудија кога не беа завршени процедурите за нејзината безбедност

Филипче: Пред 2-3 недели инфективните одделенија низ државата беа преполни
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната собраниска седница за пратенички прашања кажа дека пред неколку месеци добил понуда од рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин за руската вакцина „спутник 5“, но таа тогаш се уште била во фаза на клинички испитувања, а процесот, кој гарантира нејзина безбедност, не бил целосно завршен.

„Последните месеци тој процес заврши и таа влегува во еден од деловите на ‘Ковакс’ механизмот. Не како целосно одобрена. Меѓутоа, очигледно дека во официјалната група на сите производители преку ‘Ковакс’ ќе стигне и руската ‘Спутник ‘;. Значи, ние ќе можеме евентуално да ја добиеме и оваа вакцина со одлука на СЗО и на Гави алијансата“, изјави Филипче.

Тој потенцира дека не постоела ниту една можност да ја добиме руската вакцина во моментот кога првпат ни била понудена, оти не бил завршен процесот на клиничко испитување.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје

Среќна Нова Година од екипата на 24инфо!

Мицкоски утре во работна посета на Кавадарци